Баскет Кам и Пробаскет се спасија – ќе играат во највисок ранг

63

Кошаркарската федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по усвојувањето на жалбите од страна на Арбитражната комисија на КФМ, Комисијата за лиценцирање врз основа на доставената документација, утврди дека се исполнети пропишаните услови за учество во Првата лига – жени за натпреварувачката сезона 2026/27.

Комисијата за лиценцирање, постапувајќи согласно Статутот на КФМ, Правилникот за натпреварување, Регистрацискиот правилник, Правилникот за лиценцирање, Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги и одлуките на Управниот одбор на КФМ, утврди дека клубовите наведени во продолжение ги исполнуваат пропишаните услови за учество, вклучително и условите во делот на финансиската дисциплина, согласно член 7.1 и член 7.1.4 од Пропозициите за натпреварување.

При утврдувањето на составот на лигата земени се предвид и член 7.1.3 и член 7.1.5 од Пропозициите за натпреварување, со кои се уредуваат бројот на учесници, преминувањето меѓу степените на натпреварување и статусот на Првата лига – жени како највисок степен на натпреварување во женска конкуренција.

Имајќи ги предвид конечниот пласман во натпреварувачката сезона 2025/26, спортски стекнатите права на клубовите, доставената документација и исполнетоста на условите во постапката за лиценцирање, Комисијата за лиценцирање предлага до Управниот одбор на КФМ, Првата лига – жени за натпреварувачката сезона 2026/27 да ја сочинуваат следните осум екипи:

ЖКК Крива Паланка – Крива Паланка

ЖКК Бадел 1862 – Скопје

ЖКК Баскет Кам – Македонска Каменица

ЖКК Вардар – Скопје

ЖКК Пробаскет – Кавадарци

ЖКК МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

ЖКК Патриот 2016 – Делчево

ЖКК Гевгелија – Гевгелија

* ЖКК „Гевгелија“ – Гевгелија, како победник на Втората лига – жени во сезоната 2025/26, согласно член 7.1.3 од Пропозициите за натпреварување, стекна право на настап во Првата лига – жени за натпреварувачката сезона 2026/27.

НАПОМЕНА: Кошаркарската федерација на Македонија, преку своите надлежни органи и комисии, континуирано ќе го следи исполнувањето на сите пропишани услови за учество во системот на натпреварување и, доколку утврди неисполнување на некој од тие услови, ќе постапи согласно важечките акти и прописи на Федерацијата.

ПретходноМакедонија ќе „тестира“ со Берое пред ЕвроВолеј
СледноОфицијално: Вардар се засили со дефанзивец од Брегот на Слоновата Коска!(ФОТО)