Вечерва на своите социјални мрежи се огласија фановите на Тиквеш – “Лозари“. Тие имаат големи забелешка на терминот за мечот Тиквеш – Вардар. Да потсетиме дека ФФМ овој меч го закажа за во понеделник од 17 часот на стадионот во Кавадарци. Ова е натпревар од 5.коло на ПМФЛ.
Реакцијата на “Лозари“ ви ја пренесуваме во целост:
„Фудбалот е за пред полни трибини, не за лоши термини! Се прашуваме до кога ќе го уништувате фудбалот и до кога ќе си ги гледате само вашите интереси, до кога фудбалот ќе се игра пред празни трибини и до кога ќе се одбираат лоши термини? Секогаш кога станува збор за дерби натпревар термините се во понеделник по ваша желба, но и покрај се нашиот Тиквеш нема да го оставиме сам. Во понеделник 31 август со почеток од 17:00ч нашиот Тиквеш дома ја пречекува екипата на Вардар. Да дадеме максимална поддршка на нашите фудбалери и да му докажеме дека покрај сите пречки клубот нема да биде сам! Собирот започнува од 16:00ч пред источниот влез на градскиот стадион во Кавадарци.
Стоп за лошите термини.
Напред Тиквеш победи за нас“















