Вечерва се одиграа последните четири меча од реваншите во плеј – офот во ЛШ. За жал, Никола Серафимов со неговиот Левски беа декласирани од АЕК во Атина со 4:0, па така нашиот репрезентативец нема да игра во Лигата на Шампионите сезонава туку во Лигата на Европа.
Динамо Загреб по тие 2:2 на “Максимир“ минатата недела, вечерва повторно ги шокираше своите фанови откако беше поразен од Викинг на гости со 3:1.Тоа значи дека и хрватскиот гигант нема да игра во Лигата на Шампионите туку во ЛЕ.
Во Истанбул беше 1:1, а вечерва на реваншот Лион – Фенербахче 1:2, па така турскиот гигант ќе игра во ЛШ а Лион не. Треба да се каже дека вечерва ВАР му поништи два гола на францускиот тим.
На мечот Цеље – Слован ќе се играат продолженија со оглед на тоа дека и вечерва беше 1:1, како и на првиот меч во Словачка.










