Херера постигна гол за пласман на Борац (БЛ) во лигашката фаза на КЛ

74
фото: FK BORAC Banja Luka (FB)

Македонскиот репрезентативец Себастијан Херера постигна гол во победата на неговиот Борац Бања Лука во новата победа над Викингур, овој пат од 3:1, со која босанскиот тим обезбеди пласман во групната фаза од Конференциската лига.

Херера погоди за 1:1 во 55. минута од мечот, откако гостите на полувреме имаа предност од 0:1. До крајот домашните погодија уште двапати и го потврдија своето место во главната фаза од третото по ранг европско натпреварување на УЕФА.

ПретходноЧуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!
СледноАтлетико го известил Арсенал дека Алварез е нивен ако платат 140 милиони евра