Шампионскиот танц на Барселона продолжи и на првиот меч на „Камп Ноу“

84

Шпанскиот шампион Барселона не остави ништо на случајноста и ја прокнижи и втората победа на стартот на новата сезона во Ла Лига. Вечерва на првиот домашен натпревар, Каталонците со 2:0 славеа над Атлетик Билбао во заостанатиот меч од 1. коло.

Барселона како и на првиот меч одигран пред неколку дена, покажа дека и оваа сезона ќе јуриша на шампионската титула, а составот на Ханси Флик во сите 90 минути потврди дека има тим и игра која тешко дека некој ќе успее да ја сопре, особено не на „Камп Ноу“.

Барса поведе преку Рафиња во 37. минута, додека вториот гол за конечни 2:0 го постигна Фермин Лопез на 8 минути пред крајот на дуелот. Атлетик Билбао по првите два меча во Ла Лига оваа сезона е последен со два порази.

ПретходноКЛ: Партизaн го победи Хетафе, но не успеа да го елиминира