Жалбата е примена, ама Рустемовски и официјално останува трет!

159

Македонската делегација на МИ 2026 во Таранто, како што и беше најавено, и официјално се жалеше на судиските одлуки на боксерскиот меч меѓу Рустемовски и Хернандез, на кој нашиот боксер беше ограбен од судиите.

Жалбата и официјално е примена од светската боксерска асоцијација, но пласманот останува непроменет. Тоа значи дека Ален Рустемовски останува на третото место.

Жалбата е примена, ќе се разгледува, но одлуката за тоа кој ќе боксува во финалето останува непроменета. Единствено што може да се случи е да биде поведена дисциплинска постапка против судиите доколку се увиди судиска тенденциозна грешка и да бидат санкционирани. Одлуката може да биде донесена две недели по поднесокот. Ален Рустемовски останува на трето место на овие медитерански игривелат од нашата делегација.

ПретходноПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)
СледноХаос во Лион по триумфот на Фенер: Среден прст кон домашните навивачи и општа тепачка!(ВИДЕО)