КМФ Проект испушти победа над Врхника во 2. коло од квалификациите за ЛШ

41
фото: KMF Proekt / КМФ Проект (FB)

Македонскиот футсал шампион, екипата на КМФ Проект, по вчерашниот пораз од екипата на АК Грац во 1. коло од квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА, денеска во втората рунда одигра возбудлив меч со словенечкиот тим Врхника, кој на крајот заврши без победник – 3:3.

Словенекиот тим прв погоди преку Ремс за водство од 1:0, по што следуваше израмнување во 11. минута со голот на Благојевски. До полувремето, словенечкиот тим погоди и вторпат преку Ремс и на пауза замина со предност од 2:1.

Во второто полувреме со головите на Горан Стојанов и Иван Крстевски во период од неполна минута, КМФ Проект направи предност за водство од 2:3, но на крајот Врхника со голот на Берзењак во 39. минута успеа да се избори за реми.

Во сабота во последното коло КМФ Проект ќе се сретне со израелски Макаби Нетања.

ПретходноАвстрија се „удави“ на Кипар пред дуелот со Македонија
СледноКЛ: Миовски погоди од пенал, но Ренџерс испадна, Лугано на Алиоски оди во главната фаза