Проблем за Македонија пред заминувањето за Виена: Вирус ја „покоси“ пола репрезентација

393

Македонската кошаркарска репрезентација се подготвува за првиот натпревар од втората претквалификациска фаза за пласман во квалификациите за Европското првенство. Противник во првото коло е селекцијата на Австрија, а мечот се игра во недела во Виена, со почеток во 16:05 часот.

На ден пред заминувањето кон австриската престолнина, од нашиот национален тим доаѓаат лоши вести. Половина репрезентација е „покосена“ од вирус, па во моментов бројот на расположливи сили со кои располага селекторот Хозе Мариа Берокал за подготовка е речиси преполовен.

Како што дознаваме, Ненад Димитријевиќ, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Виктор Ефремовски, Петар Бошалевски, Кристијан Николов… се дел од кошаркарите кои се соочуваат со вироза. Лекарскиот тим има навистина полни раце работа, а сите примаат инфузија за да можат да одговорат на задачата против Австрија.

Ситуацијата навистина е загрижувачка, но нашите информации велат дека кошаркарите ги прават сите напори за да можат да тргнат во што подобра здравствена состојба за Виена.

Патувањето е предвидено за утре во попладневните часови.

ПретходноДоаѓа од Бундеслигата: Драган Јерковиќ е новиот тренер на голмани во А-репрезентацијата!
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА НАВИВА: ИЏЕ ВО СЛОВЕНИЈА ЈА ОТВОРА НОВАТА ТРКАЧКА ЕРА