Како што информираат од Фудбалската федерација на Македонија, Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлуки за дисциплинските прекршоци направени на натпреварите од домашните фудбалски натпреварувања.
ГФК Тиквеш 1930 е казнет со парична казна од 5.000 евра поради националистички скандирања и фрлање предмети на теренот за време на натпреварот ГФК Тиквеш 1930 – ФК Шкендија Арачиново 77;
ФК Струга Трим Лум АД е казнет со парична казна од 2.000 евра поради слаба организација на натпреварот, односно необезбедување паркинг простор за гостинската екипа и несоодветно обележување на линиите на теренот за игра;
Фудбалерот на ФК Беласица, Димитриј Димитриевски, е казнет со забрана на настап на еден натпревар поради добиен втор жолт, односно црвен картон;
Фудбалерот на ФК АП Брера Струмица, Зоран Ивановски, исто така е казнет со забрана на настап на еден натпревар поради добиен втор жолт, односно црвен картон.















