Македонскиот репрезентативец Себастијан Херера постигна гол во победата на неговиот Борац Бања Лука во новата победа над Викингур, овој пат од 3:1, со која босанскиот тим обезбеди пласман во групната фаза од Конференциската лига.
Херера погоди за 1:1 во 55. минута од мечот, откако гостите на полувреме имаа предност од 0:1. До крајот домашните погодија уште двапати и го потврдија своето место во главната фаза од третото по ранг европско натпреварување на УЕФА.










