Ц. Звезда со срамна елиминација од ЛЕ, Хајдук избори главна фаза во КЛ

132

Белградска Црвена Звезда беше елиминирана од Лига на Европа, откако вечерва загуби на гостувањето во Чешка од екипата на Викторија Плзењ со 5:1, по продолженијата. Иако белграѓани на ова гостување дојдоа со предност од 3:0, дозволиј аво една хаотична средба да загубат во регуларниот дел со 4:1, а потоа да примат уште еден гол во дополнителните 30 минути и да доживеат елиминација.

Она што се случи во Плзењ ќе се памети како еден од најмрачните моменти во историјата на Црвена Звезда Белград. За „црвено-белите“ сега останува главната фаза во третото по ранг европско натпреварување, Конференциската лига.

Таму пласман обезбеди и уште еден екс-југословенски тим, сплитски Хајдук. Хрватскиот тим одигра вторпат идентично 2:2 против Раков од Полска, овој пат на гости, но во дополнителните 30 минути успеа да постигне гол и да обезбеди европска есен.

ПретходноОфицијално: Горецка во дресот на Астон Вила
СледноЧуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!