Полувреме во Кратово: Мрежите мируваат, ВАР му поништи гол на Ибраими!

159
ФОТО:.facebook.com/fcshkendija

Силекс – Шкендија 0:0 по првото полувреме од дербито на 5.коло, меч кој се игра попладнево во Кратово. Шкендија подобра, посебно во втората фаза од првиот дел. Тетовци преку Ибраими во два наврати и Криезиу, опасно се заканија, а во 35.минута ВАР му поништи гол на Ибраими. Имало офсајд од Креизиу кој беше асистент во таа ситуација.

Ова е реприза од последното финале во Купот на Македонија во кое Силекс триумфираше. Тетовци сакаат одмазда, ама сакаат и петта победа во својот петти меч сезонава.

Кратовци можеа да поведат во 24.минута кога Ефтимов одлично се снајде пред голот на Рамани, шутираше од изгледна ситуација, ама таа топка заврши над голот на Шкендија.

Па така на одмор се замина со тие почетни 0:0.

ПретходноРељиќ со бронза од Светско: На пиедесталот Кина, Русија и Македонија
СледноДали ВАР погреши во Кратово?! (ВИДЕО)