Целје купи млад Македонец кој игра за Словенија

222

Веќе неколку сезони во серија, екипата на Цеље е хит број еден во Словенија и клуб кој убедливо е најдобар во шампионатот на оваа земја. Ден по елиминацијата од Слован Братислава и пропуштената шанса за сензационален пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, овој клуб обелодени интересен трансфер.

Од пред два дена, нов член на НК Целје е Лука Георгиев од Македонија, кој сепак живее со своите родители во Словенија и го носи репрезентативниот дрес на младинските селекции на оваа земја.

Станува збор за извонреден талент, кој досега настапуваше за екипата на Приморје. Има само 16 години и игра како фудбалер за врска, а важи за еден од најдобрите млади таленти во оваа земја.

Со самото тоа што прави трансфер во најдобриот клуб во Словенија, јасно е дека станува збор за играч од кого се очекува многу во периодот кој следи. За Лука Георгиев сè уште постојат шанси да игра за Македонија.

ПретходноМареска побарал големо засилување од Ливерпул!
СледноУЕФА ќе го тужи Инфантино – познати се деталите!