ПМФЛ: Струга ТЛ со победнички мисли против Брегалница

23

Денеска од 17 часот на Градскиот стадион во Струга, во меч од 5.коло, домашниот состав на Струга Трим Лум ја дочекува Брегалница.

По поразот минатата недела од Шкендија во дербито, јасно е дека тимот на Бледи Шкемби е пред голем предивзвик. Време е за враќање на победничките патеки, но јасно е дека Струга ТЛ има против себе тим кој мора да се респектира. Дека штипските “сини“ не се шегуваат го покажаа во изминатите четири кола во кои беа освоени шест бода и се во минус од само еден бод од Струга ТЛ.

Стружани се со победнички мисли, овој меч треба да се добие, да се одигра уште еднаш квалитетно дома како што беше со Шкендија Арачиново и Вардар, и да се дојде до третата победа на свој терен.

Во пресрет на денешниот меч свое видување има дефанзивецот на Струга ТЛ, Ландрит Рама:

„Многу важен натпревар, преку кој ќе се стремиме да се вратиме на победите. Се надеваме дека со голема посветеност и сериозност од целиот тим, конечно можеме да ја постигнеме победата. Мислам дека сме подобри од противникот, а тоа ќе мора да го докажеме и на зелениот терен“ посочи Рама.

Брегалница нема освоено бод на гости. Пораз од Вардар и Шкендија, тимови кај кои тешко се освојуваат бодови, ама Брегалница и на тие два меча покажа дека знае како да одигра, барем во одредени моменти, против фаворитите.

Тимот на стратегот Никола Кузманов немаше среќа со распоредот. На првите три гостувања во сезоната ги одмеруваат силите со најдобрите тимови во ПМФЛ сезонава на нивни терен.

Ова ќе биде меч и тоа како интересен, и Струга ТЛ и Брегалница поседуваат квалитет, а свои амбиции имаат и двете екипи.

Претходно„Паднаа“ два светски рекорди на стадионот „Лецигрунд“ во Цирих
СледноКараташ е единствениот од Македонија кој ќе игра Лига на шампиони!