Попладнево од 16 часот во Кратово, со дерби мечот меѓу Силекс и Шкендија стартува 5.коло во тековната сезона. Ова е дуел на две од трите најефикасни екипи во изминатиот дел од шампионатот. Ова е дуел меѓу првиот на табелата и третиот Силекс.
Кратовци како домаќини секако дека ќе сакаат да ги залечат “раните“ од минатонеделниот пораз од Вардар и тоа убедлив. Тимот на стратегот Александар Васоски е пред голем предизвик и лошо би било втор пораз во низа. Сепак Силекс е тим со големи амбиции.
Шкендија пак посакува “пет од пет“. Само Шкендија е максимална, има четири победи и со максимални 12 бода е на +5 од Силекс.
Сепак Шкендија и на овој меч ќе биде драстично ослабена.Ќе ги нема Красниќи, Гаје, Фреитас, Ѓорѓиевски и Димоски поради повредаа добра вест за стратегот Артим Положани е тоа што во тимот се враќа стоперот Анес Мелиќи.
Во пресрет на денешниот дуел, свој коментар има напаѓачот на тетовци, Фахд Ндзенгуе:
“Сакаме да победиме. Треба да победиме, па мислам дека натпреварот ќе биде добар. Имам доверба во моите соиграчи и во стручниот штаб. Ајде да одиме и да го добиеме овој натпревар, тоа е единственото нешто што можам да кажам, ајде да одиме на победа и да продолжиме со победничката серија.Ако јас постигнам гол, тоа е добро за мене затоа што сум напаѓач, но ако тимот победи и некој друг постигне гол, тоа е сепак добро затоа што тимот е над сите. Мораме да направиме сè за тимот, тимот е на прво место.“ истакна Ндзенгуе.














