Охрид со одлично второ полувреме до нова победа во Регионалната лига

104
ФОТО:facebook.com/hcohrid?locale=mk_MK

Ракометарите на ГРК Охрид продолжија со одличните игри на меѓународна сцена, остварувајќи важна гостинска победа над екипата на Динамо во Панчево, Србија. Вечерва Охриѓани славеа со 28:30 на гостински терен и со овој триумф охриѓани го задржаа стопроцентниот ефект во Регионалната лига.

Натпреварот помина во знак на тактички зрела и цврста игра. Домашните водеа на полувреме со 15:13, но во вториот дел Охрид успеа да направи целосен пресврт.

Со оваа победа, ГРК Охрид стигна до третата победа во исто толку одиграни кола во регионалното натпреварување, со што цврсто го држи врвот на табелата и ги потврдува амбициите за висок пласман оваа сезона.

ПретходноФФМ ја призна грешката на ВАР судиите – поништен е чист гол на Шкендија!
СледноПрв тренинг во Виена: Вирусот е минато, Македонија е подготвена за Австрија! (ФОТО)