ПМФЛ: Шкендија го преживеа Кратово за перфектни “пет од пет“!(ВИДЕО)

189

Со головите на Мелиќи во 53.минута и Ндзенгуе во 88.минута, Шкендија славеше попладнево среде Кратово со 0:2 во дерби мечот од 5.коло. Тетовци го преживеа и Кратово за перфектни “пет од пет“. Заслужена победа на тимот на стратегот Артим Положани со оглед на тоа дека беше подобра, имаше повеќе шанси.

Шкендија во изминатите пет средби славеше против Вардар, Струга ТЛ и денеска Силекс.May be an image of soccer, football and text

Шкендија е во топ – форма. Ќе ја запре ли некој оваа Шкендија?

Се чини дека Силекс подобро го отвори мечот. Кратовци беа поактивни во таа прва фаза од ова дерби. Сепак, како што одминуваше времето, Шкендија ја преземаше контролата на настаните на теренот. Првата закана во 10.минута беше на Ибраими, потоа врати Ефтимов на другата страна. Во 28.минута Ибраими повторно беше во шанса, но гол и натаму немаше.

Во 35.минута Ибраими тресе, ама ВАР го поништува голот откако се одлучуваше 2-3 минути. Прашање е дали ВАР погреши? Дали Шкендија беше оштетена?

Па така на одмор се замина со тие 0:0.

Шкендија поведе сепак во Кратово, и тоа со голопт на Меличи во 53.минута, сосема заслужено ако се знае дека беше подобра, имаше повеќе шанси. Ова е негов прв гол сезонава или вкупно шести во дресот на Шкендија во својот 52. натпревар за тетовци.

По тој гол Силекс конечно се “разбуди“. Заигра како што треба во ова дерби. И Анѓелески во 63.минута имаше зицер ситуација, но Рамани брани. Две минути подоцна и Хасукиќ беше во шанса, но и натаму резултатот во Кратово е 0:1. Во шанса се најде и Шеро, но кратовци не знаеја како да го совладаат Рамани.

И кога Силекс не знаеше, тогаш на сцена стапи Ндзенгуе со убав гол за 0:2. За ставање крај на овој меч со победа на Шкендија.

ПретходноСтартува новата сезона во Бундеслигата: Само Баерн Минхен и никој друг…
СледноОчекувано: С. Арабија со поддршка за Инфантино