ФФМ ја призна грешката на ВАР судиите – поништен е чист гол на Шкендија!

487

Од Фудбалската федерација на Македонија, се огласија по спортниот момент во првиот дел од денешниот натпревар меѓу Силекс и Шкендија (Т) во Кратово. Во објавата на официјалниот сајт се вели: Поништен регуларен гол на ФК Шкендија Тетово при резултат 0:0 во 37 минута од натпреварот.

Имено, напаѓачот на гостинската екипа е во дозволена onside позиција во моментот на додавањето на топката од неговиот соиграч. Првиот асистент судија согласно ВАР протоколот правилно дозволува да заврши акцијата која резултира со гол, но потоа погрешно сигнализира офсајд. ВАР судиите влегуваат во проверка согласно протоколот и заради тоа што е тесна офсајд ситуација започнува со постапка на цртање офсајд линии. Постапката на цртање линии погрешно ја завршува, пропуштајќи да забележи дека последниот дел од телото на напаѓачот не е понапред од претпоследниот одбранбен играч на домашната екипа. За жал, согласно Правилата на фудбалската игра и ВАР протоколот несфатливо е како искусен меѓународен судија може да погреши во вака очигледна ситуација, но судиските грешки биле, се и ќе останат составен дел од фудбалската игра.

За ваква клучна погрешна проценка, не завршувајќи го правилно процесот на цртање офсајд линии согласно ВАР протоколот, ВАР судиите ќе бидат санкционирани за ваква клучна погрешна процесогласно Правилникот за судии и судење по завршување на целосната анализа на тековното коло од страна на Судискиот одбор.

ПретходноНавивачите на Реал немаат дилеми: Шампионска титула во Ла Лига или трофејот од ЛШ?
СледноОхрид со одлично второ полувреме до нова победа во Регионалната лига