Херера: Ова беше уште една фантастична ноќ! Среќен сум што му помогнав на тимот!

116

Македонскиот репрезентативец Себастијан Херера постигна важен гол во победата на неговиот Борац Бања Лука над Викингур од 3:1. Со овој триумф босанскиот тим обезбеди пласман во групната фаза од Конференциската лига.

Херера во 55. минута израмни на 1:1, откако гостите на полувреме имаа водство од 0:1. Неговиот тим до крајот постигна уште два гола во мрежата на противникот за голема радост и потврда на своето место во главната фаза од третото по ранг европско натпреварување на УЕФА.

После мечот Херера во разговор со СпортСпорт не го криеше своето задоволство.

„Пресреќен сум“, беа првите зборови на македонскиот репрезентативец, кој додаде:

„Ова е уште една фантастична ноќ за мене. Среќен сум што му помогнав на тимот да дојдеме до овој резултат. Секако, задоволствот е големо бидејќи повторно ќе играме во групната фаза“, ни изјави Херера. 

ПретходноПознат е исходот од првата рунда на Арсенал за Хулијан Алварез!
СледноМареска побарал големо засилување од Ливерпул!