“Гроф“ има место само за еден странец, и уште неколку дена…

692

Од денеска и официјално Вардар има нов тренер, тоа е Миодраг Божовиќ “Гроф“. Откако “СпортСпорт“ прво го најави, потоа следуваше и потврда од самиот клуб.

Јасно е дека пред новиот тренер е тешка задача, како да го извлече тимот од тешката криза, и играчка и резултатска. Вардар по само пет кола е во минус од 8 бода во однос на лидерот Шкендија.

Исто така е јасно дека “Гроф“ како искусен тренер ќе сака да си донесе и “свои“ играчи со оглед на тоа дека нема премногу време. Веројатно тоа ќе бидат странци.

Но, тука има проблем. Имено Вардар во својот ростер има девет странци, значи новиот стратег ќе може да смета само на едно засилување, но и малку време. Познато е дека летниот преоден рок во мак – фудбалот трае до 6 септември. Толку денови има на располагање “Гроф“ да го освежи својот состав.

ПретходноУЕФА Куп на Региони: Катастрофален пораз на ОФС Битола
СледноБелистојаноски по освоениот златен медал: Пресреќен сум што ја направив Македонија горда!