Предмалку ФК Брегалница објави дека со одлука на управниот одбор на клубот, се прекинува соработката со досегашниот прв тренер на екипата, Никола Кузманов, и неговиот стручен штаб.
Брегалница загуби на домашен терен во ова коло со 0:1 со Шкендија Арачиново, и тоа е иницијалната каписла за промените во Штип овој викенд.
СпортСпорт веќе најави претпладнево ваков развој на настаните, а еве сега од Брегалница стигнува и потврда.
Главен кандидат за тренерското столче сега е Александар Таневски, селекторот на репрезентацијата на Македонија до 20 години.















