Влаховиќ се соочува со суспензија по инцидентот на мечот со Фенербахче

123

Српскиот напаѓач и фудбалер на Бешикташ, Душан Влаховиќ, се наоѓа во центарот на голем скандал во турскиот фудбал и му се заканува остра суспензија од страна на Фудбалскиот сојуз на Турција.

Иако Влаховиќ блесна на теренот и со гол во 73. минута му донесе голема победа на Бешикташ на гостувањето против големиот ривал Фенербахче (2:1), натпреварот остана во сенка на неговиот жесток вербален и физички инцидент со дефанзивецот на противничкиот тим, Милан Шкрниар.

Ривалството меѓу нив датира уште од времето кога играа во италијанската Серија А, но овој пат ситуацијата ескалираше. За време на пресметката на теренот, покрај размената на тешки навреди, телевизиските камери го забележаа Влаховиќ како му упатува несоодветни и навредливи гестови со рацете на противничкиот играч.

Поради овие потези, Влаховиќ е официјално пријавен до Дисциплинската комисија и се соочува строга казна и пауза од неколку натпревари.

ПретходноДимарко неизвесен за утрешното супер-дерби со Реал во ЛШ
СледноПолувреме: Без голови и многу тактика во Струга