ЛШ: Без победник и во Истанбул и во Ајндховен

29
фото: AC Roma (X)

Во двата воведни меча од денешната завршна програма на 1. коло во Лигата на шампионите видовме поделба на бодовите и на двата меча. ПСВ Ајндховен и Шахтјор Доњецк одиграа 1:1 во меч во кој гостите поведоа во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме, кога Мендоза ја затресе мрежата на ПСВ. Домашниот тим веднаш на стартот на вториот дел успеа да израмни преку Сержињо Дест, кој погоди во 48. минута.

ПСВ имаше можност и целосно да го сврти резултатот, но ударот на Ван Бомел заврши покрај голот. До крајот немаше промена на резултатот.

Идентичен резултат беше забележан и во Истанбул, каде што Фенербахче и Рома ремизираа 1:1. Римјаните поведоа во 39. минута преку Кристанте, по асистенција од Мален, откако претходно Пауло Дибала пропушти голема шанса.

Фенербахче израмни веднаш по паузата. Во 48. минута Браун реализираше по одлична асистенција од Гринвуд.

Турскиот тим во продолжението беше поблизу до победата, а најдобрата шанса ја имаше Аке во 86. минута, но неговиот удар заврши во пречката.

ПретходноЏордан Сешн е најновото засилување за Куманово
СледноУкраинците загубија сет од Израел, Полска моќно ја почна одбраната на титулата