ФИА не крие: Кинезите влегуваат во Формула 1 со свој тим?

26
None

Формула 1 би можела да добие уште еден тим, а претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулаим, смета дека тој треба да дојде од Кина. Тој откри дека и раководството на Формула 1 ја поддржува идејата за проширување на шампионатот на 12 тимови.

„Не ни треба каков било тим – ни треба одреден тим. ФОМ исто така се согласува дека ни треба екипа, и таа треба да биде од Кина“, изјави Бен Сулаим.

Како потенцијални заинтересирани производители ги посочи кинеските автомобилски гиганти BYD и Geely, со кои, како што откри, веќе имал средби. Од ФИА им било порачано да поднесат сериозна официјална апликација доколку сакаат да влезат во најбрзиот циркус на светот.

Кинескиот пазар веќе има значајно место во Формула 1, со трка во Шангај, присуство на големи автомобилски производители и поранешниот кинески возач Џоу Гуанју. Сепак, Бен Сулаим нагласи дека секој нов тим мора да ги исполни условите и правилата што важат за сите учесници.

ПретходноЕфремов по поразот од Украина: Позитивно е она што се случуваше во првите два сета
СледноЕвроволеј 26: Бугарија со максимална победа и против Португалците