Евроволеј 26: Украина е ранлива, Македонија бара шанса за изненадување

92
фото: CEV.eu

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија ја продолжува својата европска приказна на Евроволеј 2026, каде во рамките на 2. коло денеска (15 часот) ја очекува исклучително значаен и тежок меч против силната селекција на Украина. Ова соочување носи огромна тежина во борбата за прогрес и позиционирање во групната фаза од континенталниот собир.

Украинците на отворањето на првенството вчера славеа над Израел со 3:1, но покажаа и слабости кои доколку успееме да ги искористиме, денеска би можеле да се надеваме и на многу подобар резултат за нас од оние 0:3 на стартот против Бугарија.

Историската меѓусебна статистика открива дека Македонија и Украина досега одиграа неколку интересни и неизвесни натпревари на меѓународната сцена. Во последните официални меѓусебни дуели, како што беа оние во Европската Златна лига во 2023 година, украинскиот состав славеше со максимални 3:0 (18:25, 24:26, 23:25 во јуни 2023, односно 3:0 во мај истата година), додека пак во сеќавањата на почетоците остануваат и поблиските борби од европските квалификации каде Украина почесто излегуваше како победник.

И покрај тоа што статистиката и традицијата се на страна на украинскиот тим, македонските одбојкари влегуваат во овој натпревар со огромна желба за надигрување. Избраниците на Јошко Миленкоски и на дуелот со Бугарија покажаа дека можат рамноправно да се борат во скоро секој сет со силните и фаворизирани ривали, па со максимална борбеност и спортски инат да се обидеме да направиме и изненадување.

ДЕНЕСКА НА ЕВРОВОЛЕЈ 26: 

Украина – Македонија (15:00 часот)

Холандија – Белгија (16:00)

Чешка – Грција (16:00)

Германија – Летонија (16:00)

Португалија – Бугарија (18:00)

Швајцарија – Романија (19:00)

Србија – Естонија (19:00)

Словачка – Словенија (21:00)

ПретходноЧупиќ: Вардар имаше свои шанси, ама Мелсунген заслужено победи
СледноМоќниот Тиквеш ја “мерка“ и Струга ТЛ!