Лацио – Милан 2:2 во големото дерби од 4.коло во Серија А. Лудо дерби на “Олимпико“ во Римм кое уште еднаш како најава дека оваа лига сепак не е “мртва“.
Супер интересни и квалитетни речиси 70.минути во кои видовме четири гола за да на крајот сепак немаше победник и нема “четири од четири“ за Џенаро Гатузо кој не успеа за првпат како стратег на Лацио да победи и тоа токму против “својот“ Милан.
Канцелиери во 10.минута и Нослин во 39.минута за 2:0 за еуфорија кај “лацијалите“. Сепак Милан покажа дека нема намера овој меч да го загуби, па со головите на Мореира во 65. и 67.минута успеа да израмни на 2:2.
Во последната фаза од средбата и двата тима не форсира, очигледно беше дека беа задоволни со по бод.










