На отпишаниот Ришарлисон му пропадна и трансферот во Васко де Гама

109

Трансферот на Ришарлисон од Тотенхем во Васко да Гама пропадна во последен момент, откако двете страни не успеаја да се договорат за личните услови на Бразилецот. Тотенхем претходно постигнал договор со бразилскиот клуб околу обештетувањето за 29-годишниот напаѓач.

Сепак, преговорите со самиот фудбалер не вродиле со плод, па Ришарлисон нема да се врати во татковината ова лето. Бразилскиот трансфер-период заврши во петокот, со што можноста за реализација на зделката е затворена.

Ришарлисон претходно не беше вклучен во пријавата на Тотенхем за Премиерлигата, а не тренира ниту со првиот тим. Напаѓачот сакаше да се врати во Бразил и да го облече дресот на Васко да Гама, клуб за кој навива уште од детството.

ПретходноШелтон и Зверев во битка за трофејот на УС Опен
СледноНема играчка кај Гроф – сите во карантин!