Лудо дерби на “Олимпико“: Лацио имаше 2:0 против Милан, ама нема “четири од четири“ за Гатузо

76
ФОТО:.facebook.com/ACMilan

Лацио – Милан 2:2 во големото дерби од 4.коло во Серија А. Лудо дерби на “Олимпико“ во Римм кое уште еднаш како најава дека оваа лига сепак не е “мртва“.

Супер интересни и квалитетни речиси 70.минути во кои видовме четири гола за да на крајот сепак немаше победник и нема “четири од четири“ за Џенаро Гатузо кој не успеа за првпат како стратег на Лацио да победи и тоа токму против “својот“ Милан.

Канцелиери во 10.минута и Нослин во 39.минута за 2:0 за еуфорија кај “лацијалите“. Сепак Милан покажа дека нема намера овој меч да го загуби, па со головите на Мореира во 65. и 67.минута успеа да израмни на 2:2.

Во последната фаза од средбата и двата тима не форсира, очигледно беше дека беа задоволни со по бод.

ПретходноВо дербито на Словенија:Митровски стрела, Тренчовски фати добра серија!
СледноОчајниот Тотенхем не знае што е гол, а победа е само “научна фантастика“!