Нема играчка кај Гроф – сите во карантин!

394

Иако Вардар игра лесен дуел денеска со Башкими во Куманово, сепак за новиот шеф на струката тоа не е знак дека треба да има опуштање. Црногорскиот стратег, Миодраг Божовиќ – Гроф го врати „карантинот“ во Вардар па така фудбалерите вчера се собраа во клубската база во „Хиподром“ и таму се фокусираат кон денешниот дуел и освојувањето на трите бода.

Во стартните 7 кола од новиот шампионат многу натпревари покажаа дека и слабите екипи можат да им направат главоболки на фаворитите за титулата. Од друга страна пак Вардар летово имаше и проблем со „ноќни птици“, и примери со кои се нарушуваше клубскиот кодекс.

За среќа на популарниот Гроф во екипата повеќе го нема проблематичниот Герсон Родригес кој по само неколку недели минати во „црвено-црниот“ дрес го раксина договорот со клубот и замина со карта во еден правец.

ПретходноНа отпишаниот Ришарлисон му пропадна и трансферот во Васко де Гама
СледноДодека се тие лица во федерација – не играм за репрезентација!