“Новата“ Победа денеска собра 3.000 гледачи на стадионот во Прилеп! (ФОТО)

197
ФОТО:.facebook.com/gfkpobeda/

Денеска во Прилеп, иако во меч од Трета лига – 4, на мечот ГФК Победа – Превалец, кој заврши со победа од 6:0 за домашниот тим, на стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп имаше околу 3.000 гледачи. Секако дека ова е најголем доказ дека фудбалски Прилеп посакува, сонува, очекува во најскоро време на овој кулетен стадион за мак – фудбалот да се играат и прволигашки фудбал.

Инаку ова е таа „нова“ Победа, клуб кој ова лето беше формиран. Иако има таму меѓу фановите има некои “проблеми“, некои бојкотираат, некои не.

Сепак едно е јасно, фудбалски Прилеп заслужува елитен фудбал во Македонија.

Фотографиите од денешниот меч најдобро го говорат тоа.

ПретходноАлкалоид победнички во Битола, победија и ГРК Охрид и Вардар
СледноХари Кејн влезе во елитното друштво во Лигата на Шампионите (ФОТО)