Норис со фантастичен круг за пол-позиција во Мадрид

29
ФОТО:x.com/F1

Џорџ Расел, потоа Макс Верстапен, како и Кими Антонели – тоа беа најбрзите возачи за време на квалификациите, но на крајот пол-позицијата пред Големата награда на Шпанија во Мадрид во недела му припаѓа на Ландо Норис.
Ландо Норис извози фантастичен круг на финишот од квалификациите и ја освои пол-позицијата со време од 1:31.824!
За возачот на Мекларен, ова е 19-та пол-позиција во неговата кариера. Втор е Кими Антонели а трет Макс Верстапен.

До него на утрешната трка како четврти од стартот ќе биде Луис Хамилтон, додека Шарл Леклер е петти а Џорџ Расел шести.

Ова значи дека ќе имаме утре, 15 часот е стартот, ќе имаме супер трка.

ПретходноКумановски ужас во најава за шампионот: Башкими води против Вардар на полувреме
СледноДортмунд и Фрајбург со домашни победи за лидерска позиција