По поразот од Тиквеш, Шкендија не успеа да се врати на победнички пат и одигра 2:2 на гостувањето кај Арсими. Тетовци имаа предност од 2:0, но домаќинот успеа да се врати и да освои голем бод.
Тренерот Артим Положани пред дуелот предупредуваше дека неговиот тим мора да ги поправи грешките и да ја подигне играта.
„Она што најмногу ме загрижува е начинот на кој примаме голови. Тоа за сериозен тим кој тврди дека е одличен, мислам дека начинот на кој примаме голови е недозволив. Не можам да кажам ништо за вториот гол бидејќи се обидуваме да играме, но мора да го правиме тоа смирено. Мислам дека главниот проблем начинот на кој примаме голови, бидејќи тогаш навистина станува уште потешко. Потоа имаме уште една работа што не ги финализираме нашите шанси. Во моментот кога играте надвор од сопствениот терен и не ги финализирате вашите 100% шанси, тогаш станува тешко и може да се случи она што се случи денес со грешка да бидете казнети“, изјави Положани.
Тој посочи дека проблемите се тактички и технички, но и дека враќањето на повредените фудбалери може да биде значајно.















