Македонија има нов У21 селектор во името на Александар Таневски. Тој ја презема оваа функција од Горан Станиќ кој што досега беше на чело на младите, и кој што ете не дочека ниту крај на актуелните квалификации на селекторското столче.
Од друга страна Таневски не менува премногу во ангажманот, затоа што веќе извесен период е У20 селектор на Македонија.
Па како таков имаше обврски со играње на пријателски среби, односно настап на Медитеранските игри да речеме.
Сега пак, прв негов ангажман како селектор на У21 репрезенатцијата ќе биде некаков микс од старата и новата функција.
Во Скопје на 28 септември пристигнува У20 репрезнтацијата на Русија, со која што У20 селекцијата на Македонија ќе одигра пријателски меч на комплексот Петар Милошевски.
Што се однесува пак до У21 обврските, младата репрезентација последните два меча од актуелните квалификации ќе ги одигра на 1 октомври на домашен терен против Црна Гора односно четири дена подоцна на гости против Шведска.
Според нашите информации, Таневски планира тотален ремонт на составот, и повикување на репрезентативците кои ќе имаат право на настап во следниот квалификациски циклус.










