Арис нема зошто да стравува, Димитријевиќ го доигра мечот со Црвена Звезда

216

Нема простор за паника во редовите на Арис за македонскиот репрезентативец. Ненад Димитријевиќ здоби незгоден удар за време на пријателскиот натпревар против Црвена Звезда. Овој момент се случи во третата четвртина, иако на момент изгледаше дека е нешто посериозно, на голема среќа мина лесно, без компликации. Ненад Димитријевиќ се врати во последната четвртина и го доигра натпреварот. И овој пат одлично ја заврши својата улога, беше главен разигрувач на својот тим, зад своето име запиша најмалку 10 асистенции и четири поени. Арис славеше на мечот со 98:74, а најдобриот македонски кошаркар покажа дека е во врвна форма, нешто што го видовме на дело во Виена против Австрија кога оствари трипл-дабл и испиша историја.

ПретходноПротив Полска без капитенот: Ѓоргиев ќе одмора поради мала повреда
СледноВМФЛ: Пелистер убедлив на Чаир, Новаци славеше против Детонит