Нова мајсторија на Митровски, нова победа на Олимпија (ВИДЕО)

125

Димитар Митровски се чини дека се препороди во Олимпија Љубљана откако на клупата на оваа екипа седна токму нашиот Југослав Тренчовски. Нашиот офанзивен играч за врска вчера имаше нова блескава партија во „зелениот“„ дрес и беше првата виолина на тимот во победата на гости кај силниот Копер (1:3), во дербито на колото во Словенија.

На видеото може да ја погледнете новата мајсторија на Митровски и 54 минута кога стрела за 0:2 за својот клуб, гол со кој гостите ја крунисаа до добра предност надмоќта на теренот која ја имаа посебно откако Копер острана со играч помалку. Митровски во 67 минута асистираше и за голот со кој Олимпија поведе со 0:3.

ПретходноНа Полјаците им здосадило од слаби противници: Потешко ни е на тренинг, отколку на натпревар!
СледноПМФЛ: Битка на истокот – под притисок и Силекс и Брегалница!