Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

104
ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC

Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не може да се одмори, по само неколку месеци се врати во фудбалот. Тој се враќа во Ливерпул, клубот со кој освои сè.

Се приклучи на Академијата на Ливерпул и продолжува со својот тренерски развој и образование. Соработката не е официјална, во смисла дека Милнер не е постојан член на тренерскиот штаб, тој е таму за да стекне искуство, но и да го направи она што го правеше како играч на „Редси“ – да го пренесе своето искуство на помладите генерации.

Засега, тој работи со момчиња до 11 години, но според договорот што го има, во наредниот период ќе работи и со постари групи. Милнер одамна посочи дека се гледа себеси во тренерските води, засега има лиценца од УЕФА А и работи на положување и на Про лиценца.

ПретходноЖозе не сакаше да коментира за изјавата на Јамал за “Златната топка“: „Сите знаеме кој е најдобар“!
СледноДа се знае кој е шампион: Голеада на “Меаца“ – Интер губеше со 0:2, па потоа го победи Удинезе со 5:3! (ВИДЕО)