Од ФФМ известија: Судиите биле без грешка!

90
ФОТО:FFM.MK

Со мечот Шкенија Арачиново – Скопје кој заврши со победа на домашните од 1:0 се заокружи и 7.коло во тековната сезона во ПМФЛ.

Па така вечерва од ФФМ соопштение дека извршена е анализа и дека судењето во ова коло било без грешка:

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен натпревар од ова коло од Првата МФЛ, Судискиот одбор изразува задоволство од судиските перформанси и конзистентност во интерпретацијата на Правилата на фудбалската игра.

За време на претстојната пауза во првенството заради одигрувањето на репрезентативните натпревари на А селекцијата, Судискиот одбор ќе продолжи со стручна анализа и со давање дополнителни технички инструкции на судиите, со посебен акцент на унифицираната примена на Правилата на игра и дисциплинските критериуми.велат од ФФМ.

Претходно„Додека е тој претседател на ФС ние не играме“: Најдобрите во селекцијата на Косово бојкотираат!
СледноПознат распоредот за 8.коло: Вардар – Шкендија (А) се игра в сабота на ФФМ под рефлектори!