Разочарувањето по вчерашниот пораз од селекцијата на Израел со 3:2 беше забележливо кај сите членови на португалскиот тим. Во очекување на последните два и за нив одличувачки средби, Португалците напоменуваат дека за нив денешниот натпревар со Украина е финале.
Либерото Гонсало Соуза жали за пропуштената можност со Израел, но во поразот гледа и лекција за тимот во продолжението на натпреварувањето.
„Имавме прв сет во кој речиси сè направивме како што треба“, оцени Соуза, посочувајќи дека тимот во завршницата морал да покаже повеќе.
Сепак, либерото не сака поразот да биде причина за пад на самодовербата. Напротив, тој смета дека ваквите натпревари треба да бидат искуство од кое тимот ќе извлече поука и ќе стане посилен.
Португалија, според него, веќе има покажано дека разликата во квалитетот на хартија не мора да биде пресудна. Токму на претходните изненадувачки победи против фаворити Соуза ја темели вербата дека неговата репрезентација може да се издигне и во следните предизвици, најпрво денеска против фаворизираната Украина, а потоа и во вторник против селекцијата на Македонија.
„Веќе го докажавме тоа и порано. Победувавме против тимови кои на хартија се далеку посупериорни од нас и мора малку да се држиме до тоа“, порача португалскиот репрезентативец.
За Португалците голем проблем ќе биде и свежината. Тие по исцрпувачките пет сета со Израел вчера, денеска веднаш имаат голем тест со Украина, па во вторник ќе врзат и трет меч во серија, против Македонија.










