Германскиот тенисер Александар Зверев ја освои својата втора титула на Гренд слем оваа година и втората во неговата кариера. По Ролан Гарос, Зверев го освои и американскиот УС Опен.
Александар Зверев го победи американскиот тенисер Бен Шелтон со 3:1 (6:3, 7:6, 5:7, 6:2) во финалето по три часа и 35 минути игра.
Зверев од самиот почеток покажа зошто влезе во финалето како благ фаворит. Вториот носител го доби првиот сет со 6:3, откако Германецот успеа да направи клучен брејк и да ја задржи својата предност до крајот.
Вториот сет донесе многу поголема борба. Шелтон пружи силен отпор, но Зверев остана смирен во најважните моменти. Сетот беше решен во тај-брејк, каде што Германецот беше убедлив и победи со 7:2.
Американецот, сепак, не се предаде. Во третиот сет, Шелтон најде начин да го наруши ритамот на својот фаворизиран противник и конечно изврши сериозен притисок врз Зверев. Третиот сет му припадна на Шелтон со резултат 7:5, што го направи финалниот дуел повторно да добие сосема неизвесна димензија.
Сепак во четвртиот сет Зверев ја потврди својата доминација и дојде до победа, за која и не беше свесен. Ова е еден од моментите кои на социјалните мрежи стана вирален.
A SECOND Grand Slam for Alexander Zverev…
AND HE DIDN’T EVEN REALISE 🤣
@AlexZverev #USOpen https://t.co/ugbITobwjT
— Tennis TV (@TennisTV) September 13, 2026










