Табела по 7.коло: Шкендија (А) покажува сила, сега е трета на табелата а Вардар е на 5.место!

164
ФОТО:KF Shkëndija Haraçinë 77

И дефинитивно дебитантот во елитата, тимот на Шкендија (А), е хитот на досегашниот дел од сезоната. Седум меча, четири победи и едно реми и со 13 бода се наоаѓа на фантастичното трето место на табелата во ПМФЛ по седмото коло. Само Шкендија Тетово и Струга ТЛ се пред арачиновци со +3 и +1 бода, а Вардар е петти со -2 бода во однос на тимот од Арачиново.

Па, добро, кој можеше ова да го претпостави? Ако некој се смееше на зборовите на претседателот на Шкендија Арачиново дека ќе се атакува на излез во Европа, сега баш не е така. Да си пред Тиквеш, Вардар, Силекс по седум кола, тоа е само за респект и за пофалба.

Инаку Шкендија Арачиново вчера на Чаир славеше против Скопје со 1:0 и тоа беше единствен меч од ова 7.коло кој не заврши со „Х“. Ова беше и прва домашна победа за Шкендија (А), досега овој тим се радуваше само на гости и тоа кај Башкими, Арсими и Брегалница.

Силекс и натаму не знае за победа, во четвртиот меч во низа, малку недостигаше да забележи дома пораз од Брегалница. Башкими и тоа како се “носеше“ со Вардар во тој меч од 3:3. Шкендија имаше 2:0 и пак не го победи Арсими, додека Тиквеш и Струга ТЛ одиграа 2:2.

ТАБЕЛА

1.Шкендија 16

2.Струга ТЛ 14

3.Шкендија (А) 13

4.Тиквеш 12

5.Вардар 11

6.Силекс 8

7.Арсими 8

8.Брегалница 7

9.Башкими 4

10.Скопје 3

ПретходноБетис како гостин го “реши“ Виљареал
СледноИкарди се враќа во Италија, ама не во Интер?!