Јанев и Незири ја минаа првата пречка во конкуренција на двојки

21

Македонските тенисери Кристијан Јанев и Ерион Незири остварија победа во мечот од првото коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф. Тие ги победија Калојан Шиков и Александар Толев од Бугарија со 2-0 во сетови (7-6(5) и 6-2). Утре во меч од второто коло ќе играат против тенисерите од Шведска, Вилијам Кјелберг и Лов Миквист.

Девојките претрпеа несреќен пораз. Мила Јовановски и Ирина Пиштолова загубија со 2-1 во сетови (6-0, 2-6 и 10-3 на поени) од Димитра Кумуцеа и Катарина Устабасиду од Грција.

Утре меч од второто коло ќе игра и Јанев во поединечна конкуренција, кој за ривал го има третиот носител Јакуб Куси од Чешка.

ПретходноМирна мрежа и прва победа за Столе и Валенсија!
СледноЏејмс Родригез сподели емотивно видео: Дојде тој момент!