Португалците признаваат дека се уморни, но нема да попуштат пред Македонија

50
фото: CEV.eu

Португалската репрезентација во завршницата од групната фаза на Европското првество во Софија, влегува со забележлива физичка исцрпеност, но и со желба настапот да го заврши со победа, констатира селекторот на денешниот противник на Македонија, Жозе Хозе.

Тој по мечот со Украина вчера и поразот од 3:0, ја потврди оценката на капитенот Александар Фереира дека згуснатиот распоред веќе остава трага врз играчите на неговиот тим. Според него, тимот покажал знаци на замор против Украина, а уште потешко ќе биде против Македонија во трет последователен меч за Портуалија.

„Денес тимот веќе беше малку позаморен, што е нормално“, изјави Хозе, нагласувајќи дека намалената физичка свежина се одразила и врз концентрацијата и смиреноста во клучните моменти.

„Целта е да размислуваме и малку подалеку. Тоа е пласманот на ранг-листата и можноста да ја задржиме нашата позиција за Светското првенство следната година, но и да останеме на високо ниво на ранг-листата на ЦЕВ“, истакна капитенот на Португалија, Фереира, најавувајќи го дуелот со Македонија.

Португалците во последниот меч најавија атак на победа, и покрај заморот и неизвесноста околу конечниот расплет во групата.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 7.КОЛО: Контрерас блескаше против лидерот
СледноЧупиќ: Победата над Нант би ни била од голема помош за следните мечеви во ЛШ