Малус: Поддршката на навивачите секогаш ни значи многу во вакви мечеви

63

РК Вардар како актуелен шампион на Македонија, по доста време, односно пет години се врати онаму каде што му е местото. Во Лигата на Шампионите. Во првото коло поразот од Мелсунген значеше само едно. Дека истиот ќе биде уште поголема мотивација за утрешниот дуел од второто коло од ЛШ, против тимот на Нант, прв за Вардар во салата Јане Сандански на домашен терен и пред своја публика.

Онаа кога според Јака Малус секогаш играла голема улога во победите на Вардар во Скопје.

„Очекуваме тежок меч, бидејќи сите се силни екипи во Лш. Очекуваме голема поддршка од нашите навивачи бидејќи знаеме што значи тоа за нас и за нашите противници. Немаме пораз дома повеќе од година дена и сакаме така да остане и во оваа сезона. Мислам дека сме подготвени и влегуваме максимално по првите бодови“, изјави Малус.

Дуелот помеѓу Вардар и Нант утре стартува од 18:45.

 

ПретходноЧупиќ: Победата над Нант би ни била од голема помош за следните мечеви во ЛШ
СледноБоштјан Цесар одбра за мечевите против Шкотска, Македонија и Швајцарија