Познати се сите детали за „Трофеј Македонија“!

59

Ракометната федерација на Македонија ги објави сите детали за „Трофеј Македонија“. И оваа година град домаќин ќе биде Охрид, поточно салата „Билјанини Извори“, а турнирот ќе се одржи од 24 до 26 септември .

Македонската ракометна женска репрезентација ќе има силни тестови во рамките на ЕХФ неделата која е еден вид подготовка, но и запознавање со новиот селектор, Игор Марковиќ.

На турнирот покрај Македонија ќе настапат и репрезентациите Хрватска, Србија и Црна Гора.

Нашите ракометарки отвораат против Србија, вториот ден ќе играат против Црна Гора, додека за последниот ден е резервиран мечот против Хрватска.

Претходно“Микел Артета почнува да наликува на Сер Алекс Фергусон“!
СледноОва е листата на ТОП 10 кошаркари со најголема плата во Евролигата