Секако дека тие 3:3 во Куманово на мечот Башкими – Вардар беа изненадувачки, посебно за фановите на шампионот, ама ако во детали се анализира натпреварот тогаш ќе се заклучи дека се и реални. Башкими имаше 2:0, па потоа Вардар со пресврт дојде до 2:3, за да на крај кумановци ги постават конечникте 3:3.
За овој резултат и игра на Башкими секоја чест, но заслугите одат на адреса на тренерот Шабан Сулиман. Тој наспроти себе го имаше славниот “Гроф“ Божовиќ и реално успеа да го надмудри гостинскиот тренер. Импонираше тоа што избраниците на Сулиман имаа игра, овј тим ни од далеку не е оној Башкими од стартот на сезоната. Прво победа на гости кај Скопје, па потоа и бод со Вардар. Секако дека овој биланс не е за потценување, а тимот на Сулиман и тоа како ќе има што да каже оваа сезона.
За “СпортСпорт“ немаше дилеми дека токму Шабан Сулиман е тренер на ова 7.коло.















