Младинска ЛШ: Браво деца – Брера со убедлива победа кај Санта Колома!

168
ФОТО:facebook.com/fcsantacoloma/

Санта Колома – Брера 0:3 среде Андора е исходот од првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Стрелец на два гола беше Бучков во 58. и 80.минута, додека Кулески стави точка на победата. Па така, со оглед на тоа дека реваншот се игра на 14 октомври кај Брера, јасно е дека младите струмичани имаат фантастична шанса да бидат првиот тим кој минал едно коло во младинската Лига на Шампиони. Да се потсетиме во 2. квалификациско коло, ако не се случи сензација во реваншот, Брера ќе ги одмери силите со германскиот состав на Хофенхајм.

Во текот на целиот меч избраниците на стратегот Ѓорѓи Стојчев беа далеку подобар тим, креираа шанси, имаа и зицери. Сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Но, тоа не можеше да трае вечно, па така по асистенција на Танчев, Бучков прво донесе водство од 0:1 во 58.минута, следуваше уште еден негов гол во 80.минута за 0:2, а Кулески во 87.минута ги постави конечните 0:3 во 87.минута.

Инаку Брера на овој меч настапи со следниот состав:

Трајков, Г.Танчев, Димовски, Митрев, Ѓорѓиев, Велков, Талески, Бучков, И. Танчев, Милев, Сејменов.

Играа уште и: Кулески, Стојанов, Василев, Тренов и Манчевски.

ПретходноПолувреме: Одлична атмосфера, Вардар падни па стани против Нант!
СледноИ Стефан Ристовски го бодри својот Вардар