Денеска е ден за ракомет и Лига на шампиони: Вулканот пред ерупција во име на Вардар!

159

Македонскиот првак, Вардар денеска после четири години ќе одигра на натпревар од Лигата на шампиони пред домашните фанови. Препознатливата атмосфера во вулканот „Јане Сандански“ повторно ќе биде во центарот на вниманието во цела Европа. На сите противници во ова натпреварување им е добро познато што се случува во Скопје кога игра Вардар.

Фановите се мобилизираат, од најмладите до најстрарите сите го едвај го чекаат денешниот меч против Нант, кој е закажан со почеток во 18:45 часот. Пред стартот на истиот од таборот на „црвено-црните“ информираа дека пред салата „Јане Сандански“ ќе има фан-зона.

Иван Чупиќ веќе го имаше своето деби како тренер на Вардар во Лигата на шампиони, но денеска ќе биде поинаку, бидејќи тој ќе го води тимот пред бројната публика која е гладна за победи.

Противникот е еднакво голем предизвик, во таборот на македонскиот првак се свесни дека треба да одиграат перфектно за да дојдат до триумф после стартниот пораз од Мелсунген на гости.

„Кога работиш со оваа група играчи, кога секој ден си во сала и гледаш како се борат, колку се мотивирани, колку сакаат и колку едвај го чекаат почетокот на натпреварите во Лигата на шампионите – уште од првиот ден на подготовките до денес – тие ми даваат самодоверба. Ми даваат верба дека имаме добар и карактерен тим. Поради тоа чувствувам ентузијазам и голема желба и едвај го чекам нашиот прв домашен натпревар во Лигата на шампионите. Не можам да кажам дека чувствувам некаков посебен притисок. Но, нормално е кога си тренер или играч на Вардар, на секој натпревар да мораш да победиш. Тоа доаѓа со работата“, изјави Чупиќ на вчерашната прес-конференција. 

Тој во составот нема да смета на Милан Лазаревски.

ПретходноMеморијален турнир во Битола, во чест на Зоран Петковски – Петкото
СледноЗаминува во пензија: Владо Милев против Израел за последен пат во дресот на Македонија