Вечерва стартуваше новата сезона од лигашката фаза во Лигата на Европа. Дербито се одигра на „Сан Сиро“ каде силите ги одмерија некогашните европски прваци. Бенфика како гостин славеше со 0:2. Ова значи дека новиот стратег на Милан, Рубен Аморим доживеа пораз од својот некогашен клуб каде ја мина дел од својата играчка кариера.
Стрелци на головите за португалскиот клуб од Лисабон беа Лукебакио во 16.минута и Камински во 53.минута.
Арарат дома беше поразен од Спарта Прага со 1:4, додека Омонија минално со 1:0 беше подобра од Селта Виго.
Лион како гостин беше подобар од Андерлехт со 1:2, додека очекувано Баер Леверкузен го победи Цеље со 2:0, и со тоа ја оправда улогата на голем фаворит на овој меч. Хапоел Бер Шева и Динамо Загреб одиграа без победник 0:0, Олимпијакос пак со 2:1 беше подобар од Јагелонија. Штурм Грац и Рен одиграа без голови, и Сандерленд со 1:0 славеше против АЗ Алкмар.










