Некогашниот двоен европски првак, тимот на Вардар, вечерва во Скопје, пред своите фанови одигра сосема добро. Сепак немаше среќа во завршницата на дуелот со Нант и на крајот францускиот состав успеа да “извлече“ победа од 32:33.
Секако дека во преден план беше атмосферата која фановите на Вардар, “Комите“ ја создадоа во “Јана Сандански“ која просто ги воодушеби гостите од Франција.
Свој коментар имаше и тренерот на Нант, Грегори Кожан…
“Луд натпревар, неверојатна атмосфера. Знаевме дека е тешко да се игра тука, сепак ние бевме посреќни и стигнавме до победата. За мене ова е прво гостување тука и навистина беше неверојатно“ посочи Кожан.
И Тарафета не криеше дека е воодушевен од атмосферата…
“Најдобра атмосфера во светот, ја имате најлудата публика во светот. Тежок меч за нас, среќни сме што победивме“.










