Македонскиот дубл испушти водство во мечот од втората рунда на ЕП во Австрија

23

Македонскиот дубл кај момчињата Јанев и Ерион Незири, испуштија водство од 1-0 во сетови во мечот од второто коло на Европското првенство што се игра во австрискиот град Оберпулендорф. Јанев и Незири го добија првиот сет со 6:3 во гемови, а следниот им припадна на шведските тенисери Вилијам Кјелберг и Лов Никвист со 6:1. Голема борба се водеше во третиот решавачки сет, кои противниците го добија со 7:5 во гемови.

Претходно во мечот од второто коло Кристијан Јанев е елиминиран од третиот носител Јакуб Куси од Чешка откако загуби со 2-0 во сетови (61 64).

На шампионатот настапија и Мила Јовановски и Ирина Пиштолова, кои беа елиминирани во првото коло.

Следната недела во Парма, Италија се игра Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години, а македонски претставници ќе бидат: Сара Митевска, Лина Николовска (девојчиња) и Марко Алексовски и Алексеј Стојановски (момчиња).

ПретходноСимеоне: Денес бевме конзистентни во текот на целиот натпревар
СледноРубен Аморим: Бенфика се чувствуваше удобно и чекаше наша грешка